Вучиќ: Најтежок ден за Србија во битката со корнавирусот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека, според податоците за коронавирусот, денес е најтешкиот ден за Србија.

-Ова е најголемиот број на заболени луѓе до сега. Ние во овој момент имаме над 4.800 луѓе во болниците, сите наши болнички капацитети се полни, кажа српскиот претседател.

„Би била катастрофа ако и ортопедија повторно ја претвориме во ковид-болница“, кажа Вучиќ, и додаде дека ако тоа се случи, значи нема повеќе место за сместување пациенти.

Вучиќ најави дека Србија ќе се обиде да набави повеќе дози на вакцините против коронавирусот, и дека до крајот на годината ќе има милион дози.

„Да вакцинираме барем 500.000 луѓе. Не ме интересира која вакцина, само нашите здравствени власти да ја одобрат“, најави тој.

„За Србија вакцината не е политика, за Србија вакцината е живот, животот на нашите луѓе и нашите економија и тоа е пред сè животот на нашите млади“, кажа Вучиќ.

Кажа и дека ќе има политички последици ако Србија увезе кинеска вакцина.

Треба да знаете
Последни објави