Прес-конференција, Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата
„Претседателот на Собранието, Талат Џафер ги достави предлог измените на Деловникот за работа на Собранието. Со овие измени ќе се обезбеди функционалност на законодавниот дом во време на пандемја од коронавирусот, односно ќе се овозможи оние пратеници кои се заболени од ковид 19 и се во изолација, своите обврски да ги извршуваат онлајн, односно од далечина.
Во време на сериозни предизвици, на граѓаните им се потребни институции со целосен капацитет. На граѓаните им е потребно Собрание кое ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности.
Вакви примери на комбинирано работење на Парламентите има низ целиот свет.
Затоа ги повикувам сите пратеници да покажат одговорност, да ги поддржат измените на Деловникот, за да може Собранието непречено да ја извршува својата работа и да им служи на граѓаните.