И Ахмети може да биде обвинет во Хаг

И лидерот на ДУИ, Али Ахмети може да биде обвинет прес специјалниот суд во Хаг, изјави за Слободен печат адвокатот на воените ветерани на ОВК, Том Гаши.

Ахмети веќе беше повикан во функција на сведок во Специјалниот суд во Хаг каде што во моментов на лидерите на ОВК,Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими им се суди за стотина воени злосторства, убиства, присилно исчезнување, прогонства и тортура.

Според Гаши, обвинителството нема докази да ги докаже обвиненијата, но смета дека судот и Специјалното обвинителство кое од 2016 функционира во склоп на косовскиот судски систем ги надминува овластувањата и дека суди еднострано. Од таа причина секој што е Албанец и бил на некој начин инволвиран во ОВК може да најде на списокот со обвинети, па така и Али Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави