Aвстралиската пејачка Кајли Миног во петокот го направи она што го нарече неверојатно парче од историјата на поп музиката, со што стана првата жена-уметник со број еден албум во Велика Британија во текот на пет децении откако „Диско“ се искачи на врвот на топ листите.
Главно снимен дома за време на самоизолација, нејзиниот 15-ти студиски албум ја забележа и најдобрата недела на отворање за кое било издание во Велика Британија досега во 2020 година со 55.000 продажби, соопшти официјалната компанија што ги составува топлистите во Велика Британија (Official Charts Company).
„Ова мене ми звучи лудо и неверојатн. Јас имам 52 години “, изјави Миног за Ројтерс,коментирајќи го петдеценискиот рекорд – признание што сега го дели со Брус Спрингстин.