Кон: Денес се очекува највеќе новозаболени, во Србија се појавија и нови жаришта

Епидемиологот Предраг Кон најави дека денес Србија ќе има најголем број новозаразени од почетокот на епидемијата.

– Евидентираме зголемување на нови инфекции, вчерашниот помал број е последица на неделата, а денес очекувам максимален број досега. Близу или повеќе од 4.000 нови случаи. Не можеме да кажеме дека состојбата е стабилизирана. Епидемијата во Србија не е под контрола. – рече Кон.

Д-р Кон вели дека се очекувало да има израмнување оваа недела, но дека тоа не се случило затоа што мерките не биле доволно спроведени.

– Растот што го очекуваме денес, ќе го видиме во наредните денови, се надевам дека ќе ја стабилизираме ситуацијата. Ситуацијата во Белград е критична, не може да се каже поинаку – рече Кон.

Лекарот вели дека сега се појавија нови жаришта низ цела Србија.

– Фокусот е таму каде што има повеќе луѓе, Белград е најголемиот центар, најтешка ситуација се очекува тука од самиот почеток. Засегната е цела Србија. Белград, Крагуевац, Краљево, Ниш, некои места беа покачени, па се израмни, но Белград постојано расте, тоа е единствениот проблем, заедно со Нови Сад.

 

Треба да знаете
Последни објави