Харден одбил 103 милиони долари за две години, сака да оди во Бруклин

Кошаркарот на Хјустон, Џејмс Харден, сака да го напушти клубот од Тексас. Претходно беше објавено дека тој доставил официјално барање за размена.

Според новинарот на „Атлетик”, Шамс Харанија, Харден инсистира да оди во Бруклин, но во игра е и  Филаделфија.

Од друга страна, Хјустон, пак, е подготвен да ги задржи и него и Расел Вестбрук во тимот.

Раководството на клубот му понудило 103 милиони долари за продолжување на договорот за две години, но Харден ја одбил понудата.

Триесет и едногодишниот Харден игра за Хјустон од 2012 година. Во 2018 година беше избран за најкорисен играч во НБА.

Треба да знаете
Последни објави