Адемар го испрати Металург со полна мрежа голови

Македонските ракометни претставници во новото натпреварување на ЕХФ, Европската лига, остануваат без победа, откако вечерва Металург е  испратен со полна мрежа голови од гостувањето во Шпанија кај Адемар Леон  (41:32).

Домаќинот Адемар Леон направи предност од седум гола уште во првото полувреме и рутински го одработи натпреварот до самиот крај лесно полнејќи му ја мрежата на гостинот од Македонија. Рубен Марчан даде осум гола, а Гонзало Перез седум од редовите на Адемар, додека Милан Поповиќ со осум гола беше најефикасен кај тимот од Автокоманда.

 

Треба да знаете
Последни објави