Водителката на Си-Ен-Ен, Кристијана Аманпур се извини откако во нејзина емисија го според мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп со нацистичкиот погром на Кристална ноќ.
Таа минатата недела изјави дека нападите на претседателот Трамп се напади врз историјата, фактите,знаењето и вистината.
– Не требаше да правам споредби. Хитлер и неговите злосторства секако имаат посебно место во историјата. Жал ми е за секоја болка предизвикана од мојата изјава, посочи Анампур.
Таа на почетокот од емисијата за настаните во светот на 12 ноември изјави дека поминале 82 години од Кристалната ноќ, која доведе до геноцид против еден цел идентитет. Аманпур потсети на палењето на книгите, истакнувајќи дека тоа водело до напад врз „фактите, историјата и вистината”.
Израелски официјални претставници ја осудија таквата споредба, истакнувајќи оти тоа е навреда на сеќавањата на холокаустот и побараа извинување.
Израелската министерка за дијаспора Омер Јанкелевич наведе дека американската телевизиска мрежа треба да биде „партнер во глобалните напори за борба против антисемитизмот, а не да дотура масло на огнот”.
– Искористувањето на сеќавањето на холокаустот за евтини наслови или политички цели е загрижувачко и е искривување на историјата и на моралната вистина, посочи Јанкелевич.