Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, учествуваше на отворањето на настанот со кој се одбележа почетокот на Глобалната недела на претриемништво, во организација на „Стартап Македонија”, а кој се одржа преку видео конференциска врска.
Во своето воведно обраќање Вицепремиерот Битиќи истакна дека развојот на претриемнишвото и стартап заедницата е приоритет и ја потврди заложбата на Владата за континуитет во спроведување на политики со кои и понатаму ќе се развивааат услови за поддршка на претриемништвото, стартап и спиноф компаниите.
„Верувам дека должност на Владата е да создаде можности и погодна средина за претриемништво и за стартап компаниите, а на вас да го извлечете најдоброто од тоа. Во изминатите 3 години, од 2017 до 2020 година, Фондот за иновации и технолошки развој поддржа околу 550 компании, половина од нив се стартапи, со вкупен инвестициски циклус од 75 милиони евра. Мислам дека ова е неверојатно добар напредок, но ќе работиме да биде уште подобро”, посочи вицепремиерот пред лицата кои го следеа настанот. Битиќи укажа дека на една од последните Владини седници беше усвоен Предлог буџетот за 2021 година, а за следната година се проентирани околу 17,5 милиони евра, односно за околу 2 милиона евра повеќе во однос на 2020 година, за реализација на програмите и мерките кои се спроведуваат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.
„Задоволен сум што ќе бидам првиот што ќе може да ја сподели со вас информацијата за процесот што ќе го започнеме, а тоа е, за прв пат во нашата земја, ќе се изготви Стратегија за развој на стартап заедницата, за чие создавање ќе бидеме среќни доколку учествуваат и самите претриемачи, односно основачи на стартапи . Постојано зборуваме дека нашата главна цел е да ја направиме Северна Македонија регионален стартап хаб, а тоа ќе го сториме заедно, преку инклузивен процес на градење на стратегијата, градејќи политики што ќе ви овозможат да растете и да се развивате”, потенцираше вицепремиерот. Битиќи нагласи дека претриемачите треба да знаат дека во Владата имаат искрен и посветен партнер кој ќе ги поддржи во нивните идни активности.
Глобалната недела на претриемништвото се одбележува од 16-22 ноември и се случува истовремено во 170 земји ширум светот, а поврзува над 10.000 партнери во активности насочени кон подобрување на условите за развој на претприемништвото. Цел на оваа еднонеделна иницијатива е промоција на претприемништвото, зајакнување на партнерствата и остварување нови бизнис релации.