Портпаролот на ЕУ, Питер Стано, денеска соопшти дека Европа е подготвена и очекува „поголем дијалог и поблиска соработка” со новата администрација во Вашингтон.
-Европа е подготвена за посилно пријателство и партнерство со САД. Постојат многу области каде можеме да работиме заедно и каде имаме интерес за тоа. Кога станува збор за надворешната политика, зборувам за Иран, Русија, Либија, Блискиот Исток, но, исто така, и за Балканот и за Турција, изјави Стано.
Во Брисел забележуваат дека во минатото ЕУ и САД, кога и да работеа заедно, беа поефикасни и дека тоа се очекува и од идната американска администрација.