Општина Бутел и Општина Чучер Сандево, во соработка со граѓанската организација АДРА, денеска со МТСП го потпишаа Договорот за реализација на проектот “Домашна нега и помош на стари лица“.
На подрачјето на двете општини ќе биде воведена бесплатна услуга за нега во домашни услови за стари и изнемоштени лица, како и бесплатна помош при извршување на секојдневните активности во нивните сопствени домови.
Реализацијата на овој проект значи поддршка на желбата и настојувањата на овие стари и изнемоштени лица да продолжат да живеат во нивните сопствени домови, со што Општина Бутел, заедно со нив, ќе учествува во создавање на услови за нивен самостоен и квалитетен живот.