Недонесувањето одлука на состанокот во Брисел е пораз за идејата на ЕУ, но во исто време е потврдено во изјавата на претседавачот, германскиот министер за европски прашања Михаел Рот дека до декември постојат уште можности, објави денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
– Tреба да продолжиме во духот на дијалог, а не низ конфликти, да дојдеме до решение. Во вакви ситуации е многу лесно да се удираме во гради, но нашата намера е да бидеме рационални и да ги придвижиме работите според очекувањето на нашиот народ, а тоа е да чекориме и понатаму кон ЕУ, вели Заев.