Иран почнал постапка за збогатување на ураниум со хексофлуориден гас во современа, напредна центрифуга IR-2 m инсталирана во подземна нуклеарна централа во близина на Натанц, се вели во денешниот извештај на надлежното тело за надзор на ОН.
Ова е најново кршење на договорот што Техеран го потпиша со водечките светски сили, особено непочитувајќи ја одредбата според која Иран може да збогатува ураниум само во центрифуги ИР-1 од прва генерација, дозволени само за употреба во иранските нуклеарни постројки.