Американската фармацевтска компанија „Pfizer” и германската „BioNTech” по завршените клинички испитувања на заедничката вакцина против коронавирус соопштија дека нејзината ефективност е на ниво од 95 проценти, соопшти денеска Си-ен-би-си повикувајќи се на изјави од компаниите.
Претходно се велеше дека ефективноста на оваа вакцина е 90 отсто.
-Нашата вакцина … дава високо ниво на заштита од Ковид-19 на само 29 денови по земањето на првата доза, соопшти генералниот директор на „BioNTech”, Угур Сахина.
Според произвидителите, ефективноста на вакцината е еднаква за сите возрасти, раси и националности.
Сепак, се наведува дека ефективноста на вакцината кај луѓето во поодмината восраст, кои се во ризичната група, е некаде пониска од 94 проценти.