Филипче: ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин се обидува да собере политички поени од прерано згаснат човечки живот!

ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин се обидува да собере политички поени од прерано згаснат човечки живот!Во моментов течат законските рокови за случајот во пациентката од Штип, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.
-Директорот на болницата најдоцна до утре треба да испрати извештај до ДСЗИ, по што ќе се формира Комисија за вонреден стручен надзор.
Ова е независен надзор и апсолутно е неточно дека директорот на болницата самиот на себе ќе си врши надзор како што наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата или не го познаваат системот на надзори или свесно манипулираат како што всушност се однесуваат цели осум месеци од почетокот на кризата. Барам итно извинување за ова грозно обвинување во спротивно ќе поднесам тужба за клевета.
Треба да знаете
Последни објави