БСП за Бугарија бара Борисов да се обрати во Собранието за потезите против Скопје

Пратеничката група БСП за Бугарија повторно побара од Националното собрание лично да го слушне премиерот Бојко Борисов на тема Република Северна Македонија и за позицијата на Бугарија за членството на нашиот сосед во Европската унија.

Премиерот Борисов нема да се појави во пленарната сала, но ќе бидат сослушани Екатерина Захариева, министер за надворешни работи и Красимир Каракачанов, министер за одбрана.

Според заменик претседателот на Националното собрание, Кристијан Вигенин, владејачката партија повторно го скрила Борисов.

Според Вигенин, „откако позицијата на нашата земја е веќе заземена и објавена, се поставуваат други прашања во врска со идната политика на Бугарија кон нашиот сосед и во врска со проширувањето”.

„Ние веруваме дека дискусијата треба да биде посеопфатна, не конкретно за оваа позиција, туку за односите меѓу двете земји од сега п анатаму. Затоа, сметаме дека треба да се одржи сослушување со премиерот Бојко Борисов, а не со вицепремиерите, како што се предложен од ГЕРБ”, рече Кристијан Вигенин, пренесоа бугарски медиуми.

Треба да знаете
Последни објави