Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани 11 починати и 720 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани рекордни 469 пациенти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 860 од вкупно 31.215 лица кај кои е откриен вирусот од појавата на епидемијата.
Болеста досега ја совладале 18.347 лица кај кои е откриен вирусот, а актулени во моментов, според официјалните податоци, се 12.008 случаи.
Вчера се извршени 1.599, а вкупно досега 123.976 тестирања со методот РТ-ПЦР.