Најголем број починати на дневна основа, според новите податоци, се потврдени во САД со 1.313 починати, потоа следува Франција со 1.219 и Италија со 713 смртни случаи.
САД се најтешко погодена земја по бројот на починати и заразени, со 248.707 смртни случаи и 11.360.125 заболени, соопштува Универзитетот „Џон Хопкинс”.
Потоа следуваат Бразил со 166.699 починати и 5.911.758 заразени, Индија со 130.993 починати и 8.912.907 заболени, Мексико со 99.026 смртни и 1.011.153 заразени случаи и Велика Британија со 52.745 починати и 1.410.732 заразени.
Латинска Америка и Карибите до денеска регистрирале 426.839 починати и 12.163.009 заразени, Во Европа се потврдени 348.711 починати и 15.172.363 заболени, САД и Канада 259.777 смртни и 11.664.823 заразени случаи, Азија 183.922 починати и 11.589.648 заразени, Блискиот Исток 70.968 починати и 2.993.803 заразени, Африка со 47.972 починати и 2.000.762 заразени и Океанија има 914 смртни и 30.064 заразени случаи.