Во последните 24 часа на коронавирус во Србија биле тестирани 18.040 граѓани, од кои 5.613 се позитивни, а починале 27 пациенти.
Во болниците низ Србија 182 пациенти се приклучени на машини за дишење.
Во последните 24 часа хоспитализирани се 709 пациенти, а 449 се отпуштени.
Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ предупреди дека ситуацијата е многу сериозна во Србија и додаде дека очекува постојан прилив на пациенти во болниците.