Македонската фудбалска репрезентација е поразена од Ерменија со 1:0 во последното коло од втората група во Ц-дивизија на Лига на нации. Со ова е прекината низата од осум натпреаври без пораз, во која избраниците на селекторот игор Ангеловски – Мрме имаа скор од пет триумф и три нерешени исходи. По изборениот историски успех со прв палсма на завршница од ЕП -2020, која ќе се игра идната година македонскиот репрезентативен состав се проретчуваше, за во третиот меч неделаваа со Ерменија настапи со новокомбиниран состав, без речиси половина тим од стандардните првотимци, што го искористи Ерменија да забележи триумф, иако играше како домаќин на неутрален терен.
Дуелот се одигра во Никозија на Кипар поради воената состојба во Ерменија, а го реши поранешниот вардарец, Ховханес Хамбарџумјан со голот во 55. минута.
На другиот меч од 6.коло во оваа група Грузија и Естонија одиграа нерешено 0:0.
Ерменците го освоија првото место во групата со 11 бода и изборија пласман во Б-дивизијата. Македонија е второпласирана со 9 бода, Грузијците се трети со 7, Естонците последни со 3 бода.