– За оваа година планиравме да одвоиме два милиони денари, меѓутоа во договор со градоначалникот и согласно потребите на дел од учениците кои се од ранливи категории семејства, средствата преку ребаланс на буџетот се пренаменија за оваа цел, изјави Шабани, директор на јавното претпријатие „Куманово Паркинг” преку кое изминативе години се спроведуваше набавката за избор на компании за новогодишно украсување.
Општина Куманово, појаснија денеска надлежните од секторот за финансии од општината одвојува вкупно 3, 5 милиони денари за набавка на опрема на учениците за следење на онлајн настава, набавка на паметни табли, потребни за училиштата за изведување на наставата во услови на пандемија. Средствата се обезбедени преку пренамена од различни ставки, меѓу нив од настани предвидени за манифестации, како што се огномет, концерти, но и средства кои претходно општината ги одвојуваше за „Порака Наша”, здружение кое не работеше од март, па сè до ноември, годинава. Дел од средствата се пренаменети и од ставка за вработувања, кои не се реализирале поради ковид кризата.