Руските телевизии денеска прикажаа снимки како се крева чад над московската болница „Комунарка”, што е еден од главните центри за лекување на пациенти со коронавирус.
Телевизискиот канал НТВ сооошти дека пожарот избувнал во дел од медицинскиот комплекс.
Пред пожарот се слушнал и силен тресок, додава телевизијата НТВ.
Дел од руските медиуми цитираат извор од болницата кој кажал дека станува збор за зграда во изградба и дека во неа немало пациенти.
Во Русија во октомври веќе имаше пожар во ваков центар за лекување на Ковид-19. Во мај, пет лица загинаа кога се запали респиратор во единица за интензивна нега на една болница во Санкт Петербург.