Поради пандемијата осамени се чуствуваат 4,2 милиони Британци

Во Обединетото Кралство е регистрирана досега најголемата осаменост меѓу населението, соопшти денес националниот Завод за статистика (ОНС).

Би-Би-Си јави дека на почетокот на ноември, 4,2 милиони Британци изјавиле дека се чувствуваат осамено во споредба со 2,6 милиони пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусот.

Ова е најголем број на луѓе кои почувствувале акутна осаменост од првиот „локдаун” во март.

Министерката Дијана Баран смета дека следните неколку месеци ќе бидат исклучително предизвикувачки.

Бројките покажуваат дека во изминатите седум дена од своите домови воопшто не излегле  дури 2,6 милиони Британци.

Во истражувањето на ОНС учествувале 4.000 луѓе, а младите на возраст меѓу 16 и 29 години имале двојно поголемо чувство на осаменост отколку луѓето на возраст од 70 години.

Треба да знаете
Последни објави