Општина Карпош започна со реставраторските и конзерваторски работи на главниот конак во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон во Горно Нерези.
„Станува збор за обнова на столаријата и внатрешно уредување на главниот конак. Имено, се реконструира подот, тоалетите, се заменуваат прозорите, а се поставува и нов систем за противпожарна заштита и електрична инсталација. На овој начин го враќаме автентичниот изглед на главниот конак, кој со години делуваше запуштено и неуредено“, изјави градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.
За оваа инвестиција, локалната самоуправа аплицираше и доби средства во износ од 6 милиони денари од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој.
Свети Пантелејмон датира од XII век и е еден од белезите на Карпош, но и на Градот Скопје.