Барањата на Бугарија се нереални и се базираат врз рецидиви од минатото – вака, Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин ја оценува бугарската блокада на земјава. Според него, токму прашањето за малцинството за која Софија веќе има добиено неколку пресуди од европските судови е главниот камен на сопнување и ја предизвикува најголемата нервоза кај тамошните власти. Сепак, Стојков додава дека има надеж по изборите во Бугарија идната година и под притисок од Брисел да дојде до некаква промена на ставовите кај нашиот источен сосед за деблокада на евроинтегративниот процес.
При еден силен притисок од страна на Европа тоа прашање може да се реши, бугарските политичари не се некои храбри политичари, тие се силни против земји како Македонија која што е послаба и особено бидејќи зад својот грб ја имаат ЕУ. Но, доколку ЕУ ги притисне, мислам дека тие ќе се повлечат. Тоа што македонската Влада може и треба да го направи е да не попушта. Има работи за кои не се преговара.
Дека бугарските избори имаат голем удел во заострената реторика на официјална Софија смета идеканот на катедрата за словенски јазик на софискиот универзитет Бојко Пенчев. Во анализа за тамошните медиуми, Пенчев ја критикува позицијата на бугарската влада за која вели дека покрај за Европската Унија е несфатлива и за самите бугарски граѓани.
Требалодагипризнаатбугарскитекоренинајазикот и идентитетот?Молам?!Дапризнаат ’корени’, еднаметафора?! Тоа е апсурдно! КаколиБорисЏонсоннесесетилдатропненамасата и дапобараодБелатакуќадагипризнаатанглискитекоренинаамериканскиотидентитет?
Одлуката на официјална Софија покрај во двете држави предизвика силни реакции и во регионот. Поранешниот шеф на српската дипломатија Вук Јеремиќ блокадата ја нарече скандалозна и оцени дека на тој начин се испраќа лоша порака за евроинтегративните процеси на земјите од регионот.
Апсолутно е скандалозно тоа што во моментов се случува со Македонија, со оваа уште една блокада. Ова е земја која направи навистина тешка и контроверзна одлука да го промени името за да се доближи до ЕУ. Многу пати беше одложувана поради многу причини, од Франција и останатите, во ред успеаа да ги надминат тие препреки, а сега доаѓаат Бугарите со навистина срамни барања, коисе навредливи најмала рака.
За бугарската блокада се огласи и поранешната германска амбасадорка во земјава Гудрун Штајнакер која барањата на Бугарија ги нарекува дрзок, ненаучен и нереален внатрешно политички мотивиран потег. Германската дипломатка бара и од властите во Берлин да го искористат претседателствувањето со ЕУ, за да испратат апел до официјална Софија, особено врз Борисов да ја преземат одговорноста кон Европа, а полемиките околу историјата и јазикот да им ги препуштат на експертите.