Млада жена од Шкотска две години била зависна од хероин и кокаин, а потоа одлучила да го промени својот живот. Денес закрепнува и зборува за своето искуство за да им помогне на другите кои имаат проблем со дрога.
Одлучила да ја објави својата приказна и фотографии за да им помогне на други луѓе кои се нашле во истиот проблем.
Деми Никол Данлоп секојдневно во текот на зависноста користела хероин и кокаин, а лицето и било прекриено со красти.
Веќе четири месеци е чиста и оди на терапија. Оваа мајка на две деца се уште студира и неодамна се свршила.
Го има синот Хадсон (7) и ќерката Харлин која има само седум месеци. Бидејќи Деми се уште е на метадонска терапија, Хадсон живее со старател, а Харлин има здравствени проблеми бидејќи Деми се дрогирала додека била бремена.
“Веќе четири месеци сум целосна чиста од кокаин и хероин. Целосно чиста, по две години зависност и секојдневно користење на дрога. Ми требаше долго време да почувствувам дека и јас нешто вредам и сега сум горда што повторно преземав контрола над сопствениот живот. Но, сето тоа е поради вас и вашата неверојатна поддршка. Засекогаш ќе бидам благодарна за тоа”, напишала таа во својот емотивен пост на Фејсбук, каде има околу 3.500 пријатели.
Одлучила да ја објави својата приказна и фотографии за да им помогне на други луѓе кои се нашле во истиот проблем.
“Ако го читате ова и се наоѓате во пеколот на дрогата и мислите дека никогаш нема да се извлечете од тој страшен циклус, од таа црна дупка, знајте дека има надеж. Ве молам да ми верувате. Бев голем зависник и мислев дека нема светло на крајот на тунелот, но сепак го пронајдов. Не беше лесно и не беше пријатно. Но, верувајте ми кога велам дека можете да се ослободите од дрогата. Го знам чувството кога мислите дека е невозможно, но јас сум пример дека е. На почетокот се плашев да ја споделам својата приказна јавно, но кога гледате колку луѓе може да ве поддржат, тогаш и не е толку тешко”, заклучила таа.
Преземено од Вечер