Исламската верска заедница денеска ќе добие нов поглавар.
Изборите во ИВЗ започнаа утрово, објави „АлсатМ“, а присутни се најголемиот број муфтии. Кандидати за шеф на ИВЗ се вршителот на должноста Реис, Шаќир Фетаху и претседателот на муфтиството во Тетово, Кани Несими.
Изборите во ИВЗ се одржуваат по разрешувањето на Сулејман Реџепи.
Сулејман Реџепи на чело на ИВЗ беше од 2006 година, па се до пролетта годинава. Тој вчера се огласи со изјава дека му помогнал на Стево Пендаровски да биде избран за претседател, а по молби од СДСМ и ДУИ.
Тој пред да биде разрешен го прогласи коронавирусот на мртов, а јавноста ја шокираше со венчавкта со 50 години помладата Емина Јетиши (24), потпретседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани.
За разлика од него, Шаќир Фетаху, кого довербата извесен период да ја раководи ИВЗ му ја укажа Ријасетот, многупати верниците ги повикуваше да ги почитуваат мерките што ги прогласија здравствените власти.