Заев со измама го направи Пендаровски претседател, Рускоска и за ова ли ќе молчи

Поранешниот верски лидер реизот Сулејман Реџепи јавно соопшти дека од СДСМ го молеле, па затоа им помогнал во изборот на Пендаровски на претседателските избори во 2019 година.

Реџепи посочи дека поради помошта, Пендаровски лично му се заблагодарил со зборовите: „Ова е твоја победа, не е моја“.

Според член 160 од Кривичниот законик, тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку 3 години.

Според член 22 од Кривичниот законик, ако две или повеќе лица, со учество во дејствие на извршување или со друг особен придонес кон извршувањето на делото, заеднички сторат кривично дело, секое од нив ќе се казни со казната пропишана да тоа дело.

Според член 23 од Кривичниот законик, тој што друг со умисла ќе го поттикне да стори кривично дело ќе се казни како да го сторил самиот.

Обвинителството раководено од Рускоска да престане да му слугува на измамникот Заев и по допрен глас да го изведе пред лицето на правдата, заедно со неговите соучесници кои шурувале на повреда на слободната волја на гласачите за да биде избран Пендаровски.

Измамникот Заев со измама го направи Пендаровски претседател, Рускоска и за ова ли ќе молчи

Измамниците на слободната гласачка волја и прекршителите на Уставот на Република Македонија мора да одговараат. Непобедникот Стево треба да им се извини на сите граѓани, да им објасни зошто неговата победа била победа на поранешниот реиз Сулејман Реџепи и да понесе одговорност.

Македонија заслужува претседател на граѓаните, а не избран со партиски мешетарења со верски лидери, поткуп и повреда на гласачките права.

 

Треба да знаете
Последни објави