Македонските читатели може да уживаат во книгата „Буниште од емоции” на авторот Џорџ Венистом, која деновиве излезе од печат во издание на Ад Вербум. Станува збор за авторски реално доживеано и проживеано, високо-стилизирано, литературно дело, во кое јунаците се живи суштества со човечки лик, отсликани преку Душата и перото на Венистом.
„Душата има потреба да се изрази. Одлучив тоа да го сторам преку пишаниот збор, како израз на емотивната состојба на еден човек. Навистина, делото е реално, се што е напишано внатре е доживеано и претставува животно патешествие на два реални лика. Идејата е да се стави печат на едно време, на една љубов која, всушност, ги разделува јунаците. Оној што ќе ја прочита книгата, ќе сфати како љубовта раздвојува, односно состојбата на восхит спојува”, вели Венистом.
Книгата „Буниште од емоции” може да се најдете на полиците на www.stranica.mk.