Полскиот Кјелце е новиот противник за македонскиот и сеуште актуелен европски ракометен првак Вардар во Лигата на шампионите. Пресметката меѓу екипите кои имаат европски „круни“ ќе биде утре со почеток во 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ пред празни трибини поради здравствено-безбедносни прптоколи кои ги наметна пандемијата предизвикана од коронавирусот. Полскиот тим за кого настапуваат порнешни вардарови трофејни играчи Игор Карачиќ, Алекс Душебаев, ќе се спаси од „скопскиот пекол“. Кјелец е лидер во групата А, со девет бода.
-Ги анализиравме натпреварите на Вардар. На дуелот против Фленсбург нивната одбрана предводена од Тимур Дибиров беше на високо ниво. Мораме да најдеме начин како да ја пробиеме. Во Вардар и во Скопје се уште имам пријатели. Добро го познавам тимот, знам кој е нивниот лидер. Играат неверојатно добро во одбраната, свесен сум дека не чека тежок натпревар, но јас ги сакам овие дуели. Ако сакаме да останеме први ќе мора да ги добиеме овие средби, изјави македонскиот зет Карачиќ кој кога навраќа во Скопје го посетува и својот поранешен клуб.