Унгарија стави вето на европскиот план за реконструкција. Земјата оцени дека доколку планот биде усвоен, нема да има повеќе пречки за врзување на земјите членки на ЕУ со заеднички механизми за поддршка на имиграцијата.
Европа може да користи финансиски средства за да ги уценува земјите кои се противат на имиграцијата, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан во изјавата објавена на „Твитер“.
„Ниту една постапка за казнување на земјите членки не треба да се утврдува без објективни критериуми и можност за правно средство“, напиша тој.
Унгарија и Полска бараат да се откаже новиот механизам за помош на ЕУ кој давањето средстава го поврзува со човековите права. Двете земји држат во заложништво предлог за долгорочен буџет на Унијата и план за реконструкција, кој мора едногласно да го усвојат сите 27 земји членки, спротивставувајќи се на воспоставување механизам за казнување на земјите што ги кршат демократските принципи.
Европските фондови во 2019 година претставуваа 4,48 проценти од БДП на Унгарија, што е една од највисоките стапки меѓу земјите членки на ЕУ. Будимпешта треба да добие 16,7 милијарди субвенции и потенцијални заеми. За тоа ќе се дискутира в четврток на видеосамит кој е официјално посветен на Ковид-19.