На 17.11.2020 околу 23.15 часот, на локален пат за тетовски Пирок, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Ј.(31) и И.А.(30), од тетовско Боговиње, бидејќи при нивен и преглед на возило „фолксфаген голф 5“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, а што го управувал Б.Ј., бил пронајден кокаин.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, по што против нив ќе следува соодветен поднесок.