Агенцијата за медицина на ЕУ денеска соопшти дека компаниите „Фајзер” и „БиоНТех” доставиле податоци за тестирање на потенцијална вакцина против Ковид-19, но тие не поднеле барање за одобрување пласман на пазарот на тој препарат.
Двете компании на почетокот на ноември објавија дека имаат експериментална вакцина која е 90 проценти ефикасна и со тоа станаа првите во светот што ги објавија резултатите од третата фаза на клиничко истражување.
„Барањето за условна дозвола за пуштање во промет на вакцината сè уште не е поднесено”, потврди Агенцијата за медицина на ЕУ.