Вицепремиерот за еконоски прашања Фатмир Битиќи денеска на прес конференцијата, по новинарско прашање, посочи дека ставот на Владата е дека сѐ уште не е дојдено времето за полициски час.
-Сметам дека ставот на Владата е дека се уште не е дојдено времето за полициски час, мерките од здравствен аспект коишто се донесени даваат резултат, но секако ја следиме здравствената состојба и препораките на Комисијата за заразни болести ако е тоа потребно, ние ќе реагираме. Што се однесува до економските последици, тие се поврзани – колку повеќе го кратите времето на економските субјекти, толку повеќе загубите се очигледни“, вели Битиќи