Кремљ бил принуден да негира дека Владимир Путин имал здравствени проблеми во средата откако имал напад на кашлица за време на владиниот состанок што бил прикажан на телевизија.
Рускиот претседател (68) се мачел да ја заврши реченицата додека разговарал со највисоките функционери за акутните финансиски проблеми предизвикани од пандемијата на Ковид-19.
Видеото подоцна било уредувано така што кашлањето на Путин се чинело помалку сериозно во верзијата објавена од неговиот кабинет.
Државната новинска агенција ТАСС го праша Кремљ за здравјето на Путин и им беше кажано дека тоа е апсолутно нормално.
„Претседателот се извини и го продолжи состанокот скоро без пауза“, соопшти агенцијата.
Путин разговараше со видеоповик со неговиот министер за финансии, Антон Силуанов и други високи претставници кога започна нападот со кашлица.
Тој рече „извини“ и неколку пати ја покри устата со десната рака додека се обидуваше да продолжи со состанокот.
На видеото што подоцна беше монтирано, кашлицата на Путин е скоро исчезната.
Многу гледачи беа загрижени дека Путин можеби се заразил со коронавирус.
Радио Мајак, кое го емитуваше оригиналниот пренос, објави: „Гласните жици на Путин попуштија додека и даваше инструкции на владата да се бори против Ковид-19“.
За разлика од светските лидери како Борис Џонсон и Доналд Трамп, се верува дека Путин досега не бил заразен со коронавирус.