Влошена е општата состојба на српскиот патријарх Иринеј како последица на Ковид-19, соопшти Српската православна црква.
„Постојаниот конзилиум на лекари, во присуство на лекари од Руската Федерација, ја следи општата и клиничката состојба на Српскиот патријарх Иринеј”, соопшти СПЦ.
Патријархот (90) се лекува на Воено-медицинскиот центар Карабурма од 5 ноември.