Се повеќе младите генерации се подготвени и желни да се вклучат во отворање сопствени бизниси, во реализирање на нивните креативни идеи. Потребно е висококвалификуван кадар (наставници, професори) постојано треба да се подготвени да се адаптираат, да учат, постојано да ги надградуваат своите знаења за да можат да бидат модели за учениците кои понатаму кога ќе излезат од образовниот систем да се вклучат на пазарот на труд или да креираат сопствени бизниси.
Оваа беше исткнато на денешната конференција „Жените лидерки во бизнисот”, во организација на „Стартап Македонија”, „Women in Tech” и Здружението на бизнис жени во рамки на Глобалната недела на претприемништвото.
– Она што најчесто го гледаме во оние истражувања што ги правиме поврзани со младите генерации во 21 век е дека постојано се случуваат континуирани промени или дека постојано поминуваат низ трансформации и на светот во секој сегмент. Тоа се случува пред се на брзата глобализација, голема културна траснформација на секои 50 години, техничките и технолошките промени коишто со војната на интернет и сите формации што секојдневно ги имаме и тоа како рапидно се менуваат секојдневно и во нано секунди ние имаме информации и случувања. Целокупното знаење, се што сме знаеле до вчера, се што сме практикувале добива една нова димензија во секој момен од живеењето. Денешните генерации треба да бидат способни, многу брзо да го менуваат нивниот начин на размислување, многу брзо да се адаптираат на сите овие промени, да се вклучуваат во целокупниот процес на креирање нови начини на адаптација на сето она што им се случува, а во исто време да останат спонтани, автентични и свои, да не ја изгубат својата креативност за развој на нови идеи и иновативни решенија за решавање на проблемите, истакна Благица Ризоска Ваниќ, директор на советувалиште за хумана соработка, Гешталт тренер, терапевт и супервизор, кариерен советник, менаџмент консултант, претприемач.
Според наше истражување од минатата година, потенцираше таа, најголем дел од младите не сакаат да бидат дефинирани, ограничени со работа која не му нуди развој и раст и избираат да бидат со ограничен договор за работа или да отвораат свој сопствен бизнис, што е, како што рече, многу поразлично од пред пет години кога правевме истражувања, кога одговараа дека сакаат да бидат дел од јавен сектор и воопшто не им е интересно да имаат предизвици и ризици.
Таа истакна дека доколку релевантните лица како родители, наставници, пријатели, јавни фигури, медиуми итн. се позитивни и со поддршка на претприемачкиот дух, поединецот е повеќе мотивиран и поттикнат да започне со сопствен бизнис. –Вредностите кои подрржуваат индивидуализам се покажале како повеќе подрржувачи кон претприемништво или во индивидуалистичките земји каде поединците претпочитаат да градат независни односи со другите и да ги користат целите на нивните групи во правец на нивните лични цели се поуспешни претприемачи, за разлика од колективистичките култури каде луѓето имаат меѓусебно градење на цели и ги посветуваат своите лични цели за целите на нивните групи, рече ризоска Ваниќ.
Катерина Трајчевска, основач на „Адева” и „Women in Tech Ambassador” за Македонија истакна дека нивна цел е до 2030 година да овозможиме милион жени да стигнат до кариера во претприемништво преку организирање на конференции, обуки, поддржување.
Во организација на „Стартап Македонија” пред три дена почна Глобалната недела на претприемништво. Овој глобален настан става акцент на претприемништвото низ 180 земји во светот и ги инспирира и охрабрува луѓето да влезат во светот на претприемништвото, да бидат иноватори и да ги реализираат своите бизнис идеи.
Глобалната недела на претприемништво годинава носи повеќе од 120 говорници од 54 партнери.