Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ
„Антиевропското ДПМНЕ ништо не направи за евро-атланскиот пат на земјава. Нула. Напротив, сите нивни позиции и дејства се спротивни на НАТО, на ЕУ, на интересите на државата и граѓаните.
Затоа, ако сака да прави ретроспективи, Александар Николовски нека се наврати на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога државата беше заглавена во изолација.
Или на последните три години кога антиевропското ДПМНЕ прави се за да ги закочи реформите, за да го спречи напредокот, за да ја блокира интеграцијата во НАТО и ЕУ. Денеска, само антиевропското ДПМНЕ се радува на постапката на Бугарија. Ете толку се против напредокот на сопствената држава, на сопствената татковина. Нема да успеат да внесат раздор кај македонскиот народ и поделби меѓу граѓаните.
СДСМ се грижи за националните и државни интереси. Реформите, но и борбата и грижата за националните интереси, продолжуваат, продолжуваат и напорите за отворање на пристапните преговори во 2020 година. Граѓаните се за ЕУ, нашиот пат е европски, ќе продолжиме со силни напори да бараме решенија, нема алтернатива за нашата европска иднина.