Стратешка грешка е бугарското вето на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ, вели проф. Владо Бучковски во интервју за ТВ Европа.
Тој вели дека во Македонија има говор на омраза, но тој не доаѓа од владетелите, туку од опозицијата и нејзините медиуми. Според него има политичари од Бугарија кои го злоупотребуваат македонското прашање, што ги попречува билатерални односи.
–Стратешка грешка е одлагањето на преговорите за членство на Скопје во ЕУ. Но, очигледно е дека некои политичари во Бугарија го злоупотребуваат ова прашање– ова за ТВ Европа го коментираше поранешниот премиер и министер за одбрана проф. Владо Бучковски.
Поранешниот премиер на Република Северна Македонија Владо Бучковски коментира дека е изгубена битка, но не и војната за нашата држава. Според него, нема логични причини за одложување на одлуката за почеток на преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ.
–Договорот мора да успее,категоричен е Бучковски.