Македонскиот и сеуште европски машки ракометен првак Вардар поразен од полскиот Кјелце како домаќин (29-33). Ова е втор пораз за „црвено-црните“ во новата сезона од групата А во ракометната Лига на шампиони.
Вардарци имаа одлични моменти во средината на второто полувреме, ама ја испуштија шансата да го стават натпреаврот под своја контрола, како и на почетокот од средбата кога прокоцкаа лесно преднос тод четири гола (5:1). Вардар во 11 пресметка со Кјелец, настрада од „своите“, поранешни играчи Алекс Душебаев и Игор Карачиќ. Првиот беше феноменален кога се говори за реализацијата а вториот имаше добра улога на асистент. Кјелце, кој ја забележа седмата победа во дуелите со Вардар, кој има три тирумфи и еден меч завршил без победник. За полскиот првак ова е прва победа во Скопје во пауза од пет години период во која нареди три порази и еднаш успеа да извлече реми.
Најдобар кај победникот беше поранешниот вардарец Алекс Душебаев со 10 гола од 11 обиди, а го следеше Турна со четири, како и Даниел Душебаев и Каралек со по три гола. Волф мечот го заврши со 13 одбрани. Кај Вардар, Јотиќ запиша шест гола, Чупиќ и Дибиров имаа по пет, а Георгиевски заврши со четири погодока.
Со овој триумф, Кјелце останува лидер во групата А со скор од пет победи, еднио реми и еден пораз по седум одиграни меча. Вардар по четири одиграни натпреаври има скор од една победа, едно реми и два порази. Во следната рунда која е предвидена да се игра на 25 ноември, Вардар ќе гостува во Полска на возвратен меч со Кјелце.