Во изминатото деноноќие во Албанија забележан е нов негативен рекорд на заразени со Ковид-19, висока бројка на оздравени и двоцифрена бројка на починати, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита.
Според министертвото од тестираните 2.592, опасниот вирус е дијагностициран кај 786 или 30 отсто од тестираните, што е највисок процент до сега.
-Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени внесени се 349 или 14.565 од вкупно заразените 30.623. За жал битката со опасниот вирус ја изгубија 11 пациенти, односно 657 досега.Зголемен е и бројот на хоспитализирани. Во трите ковид болници се третираат 424 пациенти,стои во соопштението на Министерството.
Во ковид центарот во Клинката за детски болести во Тирана хоспитализирани се четири деца при што едно од нив на возраст од година и четири месеци е во критична состојба.
Поради новите ограничувачки мерки за спречување на ширењето на опасниот вирус, што пред два дена стапија во сила, пленарната седница на албанскиот Парламент, е одложена, до добивање соодветно образожение од Комитетот на експерти за заразни болести а работата на парламентарните комисии ќе продолжи онлајн.