Европскиот регулатор би можел да одобри лансирање на вакцини Ковид-19 произведени од американската фирма за развој „Moderna„ и „Pfizer / BioNTech“ од средината на декември, рече денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен.
Европската агенција за лекови (ЕМА) „секојдневно разговара“ со американската ФДА за да ги „усогласи своите проценки“, а ЕМА може да „одобри условно одобрување за пуштање на пазарот на „Moderna„ и „Pfizer / BioNTech“ веќе во втората половина на декември доколку поминат процедурите без тешкотии“, изјави шефот на европската извршна власт по Европскиот самит.
Виртуелниот самит на дваесет и седум земји беше посветен на пандемијата на коронавирус.
„Moderna„ и „Pfizer / BioNTech“ оваа недела објавија дека нивните вакцини се ефикасни во 95 проценти од случаите и ќе бараат вонредно одобрување во наредните денови.
Успехот на двете вакцини предизвика надеж за крај на пандемијата „Ковид-19“, која однесе 1,3 милиони животи ширум светот и нанесе силен удар врз економиите и секојдневниот живот.
Но, ќе бидат потребни уште неколку месеци пред широко да се користи вакцината, иако приоритетните групи како што се здравствените работници во САД ќе ја примат веќе оваа година.
Компаниите повторија дека очекуваат да произведат 50 милиони дози на вакцина до крајот на оваа година, што е доволно за да се заштитат 25 милиони луѓе, а до 1,3 милијарди дози следната година.