Полицијата синоќа уапсила двајца крадци, кои во текот на септември и октомври имале извршено вкупно 18 кривични дела „тешка кражба” во патнички возила на територијата на Скопје.
– На 19.11.2020 околу 03.10 часот на подрачјето на Карпош во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош биле лишени од слобода П.К.(48) и С.А.(40), двајцата од Скопје, бидејќи биле фатени на лице место како извршуваат кривично дело „тешка кражба ” во патничко возило, сопственост на Г. И. (49) од Скопје. Двајцата крадци биле приведени во Полициската станица Карпош и при извршен разговор со нив појасниле дека во текот на септември и октомври имале извршено 18 кривични дела „тешка кражба” во патнички возила на територијата на Скопје, информираат од МВР.
Против лицата, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.