Нема простор за фалење со буџет кој ќе значи задолжување од половина милијарда евра. Буџетот не дава одговор на фактот дека половина милион луѓе во земјава живеат со по две евра на ден. Буџетот со кој се фали владата на СДСМ е скроен единствено за партиските потреби. А, за четири години според проекциите на оваа криминална влада Македонија ќе биде задолжена за рекордни 1.84 милијарди евра. Владата на СДСМ единствено Македонија и граѓаните го носи во економска бездна.
Досега ниту еднаш не одговорија владините функционери зошто капиталните инвестиции во овој Буџет се намалени за 13 милиони евра во однос на основниот буџет за 2020 година. Според бројките во Буџетот за 2021 година воопшто нема да е година на капитални инвестиции.
Со неспособната власт на СДСМ имаме пад на македонската економија од 4,9 отсто. Јавниот долг се искачи на историски 60.7% од БДП, земјава должи околу 7 милијарди евра. За само шест месеци од пандемијата, јавниот долг порасна за над милијарда евра или за 9.3%, а резултати нема.
Со новиот Буџет не се предвидува покачување на плати на граѓаните. Граѓаните и наредната година со новиот Буџет ќе останат сиромашни, додека функционерите на Заев се честат со народните пари и луксузираат.