Во знак на револт на бугарската одлука за вето за македонските евроинтеграции, членови од подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба на Фејсбук објавија видео на кое се гледа палење на националното знаме на Република Бугарија со наслов “Одговор за заедничката историја”.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара влада на широка коалиција, но досега јавно не соопшти како, според него, може да се надмине проблемот со Бугарија.
Во меѓувреме партиските штабови на опозицијата веќе тргнаа да бараат решение во заострување на односите со Бугарија.
Досега Мицкоски или партијата не го осудија овој чин.