За три години откако Градот Скопје почна со организираното паркирање на Водно собрани се 90.000 евра од наплатата на паркирањето, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Тој најави дека тие средства ќе бидат вложени за подобрување на инфраструктурата на планината.
Шилегов денеска на Водно го промовира проектот за поставување на патоказни и инфотабли на планинарските патеки на Водно и на Скопска Црна Гора.