Полицијата поплднево во Тетовоско приведе бегалец од затвор осуден на 15 години.
-Денеска (19.11.2020) во 16:00 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потраги и Единицата за специјални задачи на планинскиот пат над село Гермо, Тетовско го приведоа Ј.Џ. (30) од село Гермо по распишана потерница поради бегство од затвор во врска со чл.123 ст.2 и чл.396 ст.2 од КЗ на РСМ, информираат од Министерството за внтрешни работи.
Оттаму додаваат дека Ј.Џ. е осуден на 15 години казна затвор, а за доиздржување има девет години. Лицето ќе биде спроведено во казнено поправна установа.