Македонскиот фудбалски репрезентативец од редовите на португалскиот Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски денеска на социјалните мрежи објави дека е позитивен на вирусот Ковид 19. Ристовски посочи дека и неговото семејство има позитивен тест на вирусот, па сега ќе мора да бидат во изолација.
Пред 24 часа бекот играше меч за Македонија, на Кипар против Ерменија. Претходно, во краток временски период играше од првата минута и против Естонија, но и на историскиот дуел против Грузија, во Тбилиси.
Ристовски кој е во немилоста на тренерот на Спортинг и летоска избегна преселба во друг клуб сега повторно се најавува дека во зимскиот преоден рок ќе ја промени средината.
Стефан на социјалните мрежи напиша:
„Ковид позитивно семејство… Ќе продолжиме да се бориме и ќе се вратиме посилни. Останете сигурни и здрави“.