Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за транспорт, врски и екологија, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование, во прво читање, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ученичкиот стандард, по скратена постапка и Предлог на законот за дополнување на Законот за студентскиот станард, двата по скратена постапка и во второ читање.
Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе го разгледува Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка.
Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да се изјаснат за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, во прво читање поднесен од пратеници од владејачкото мнозинство.
Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.