Тројца американски сенатори соопштија дека ќе предложат законодавство со кое ќе се запре обидот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да продаде беспилотни летала и други системи на оружје на Обединетите Арапски Емирати во вредност од над 23 милијарди долари.
Демократските сенатори Боб Менендез и Крис Марфи и републиканскиот сенатор Ренд Пол најавија дека ќе предложат четири одделни резолуции со кои се отфрлаат плановите на претседателот Трамп за продажба на беспилотни летала, муниција, борбени авиони Ф-35 и ракети воздух-воздух на ОАЕ, во вредност од неколку милијарди долари.
Законодавците велат дека администрацијата на Трамп, во обид да ја забрза продажбата на софистицирано оружје, го заобиколи вообичаениот процес на ревизија во Конгресот.